Супер модели кои никогаш не стареат – прв дел

popara11 јули, 20114min00
naslovna

Некои супер модели навистина како да не стареат. Повеќе од 20 години поминати на пистите и фотосесиите, неколку бремености зад нив ништо  не значат и не влијаат врз нивната  убавина.

Еве ги најпознатите супер модели, кои и покрај годините изгледаат прекрасно:

1. Хајди Клум – германката, која има 38 години, се сликаше топлес за Гламур магазинот, каде исто така даде интервју како го зачинува својот  брак со пејачот Сил. Хајди неодамна стана и тв продуцент. Својата трајна убавина која не старее ја сподели и во Алур списанието со провокативна фотосесија.


 

2. Хелена Кристенсен – овој модел од Данска,  ја украси насловната страница на  Instyle UK, докажувајќи дека годините не и пркосат на нејзината убавина. 42 годишниот модел се уште знае како да изгледа совршено и покрај три децении поминати во модниот бизнис. Во текот на 90-тите таа правеше се, насловни за списанија, ревии, кампањи и членка на Викторија Сикрет моделите.


 

3. Клаудија Шифер – со вакво тело, зошто би носела нешто друго освен чанта, доволно е само тоа. Клаудија Шифер би можеле секоја втора девојка од 20 години да ја засени со својот изглед, а зборуваме за моделот кој има повеќе од 40 години. Овој модел за Вог во 2007 година изјави дека супер модели какви што имало во нејзино време, сега повеќе не постојат.


 

4. Амбер Валета – супермоделот, кој подоцна стана актерка, но нејзините денови во 90-тите се незаборавни. Таа долги години снимаше и за Келвин Клаин. Последното нејзино актерско појавување беше во филмот “Gamer,” каде настапи со Џерард Батлер. Таа има 35 години, а запаметене ќе биде по многуте насловни на Вог списанието, кампањите на Версаче и Луис Витон.


 

5. Линда Евангелиста – позната како “камелеонот“ во бизнисот, познатиот модел имаше фото сесија за V магазинот. 44 годишниот модел ги покажа вистинските бои пред фотографот Себастијан Фаена. Таа знае да биде ангел, но и мистериозна жена која плени. Таа во 1990 година, ја даде својата позната изјава “ јас не се будам и не станувам од кревет без 10,000 долари дневно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag