За оние кои имаат силно срце и многу храброст, им препорачуваме да ја испробаат оваа нова „играчка“. Ништо страшно, ќе ве качат на висина од 126 метри, ќе уживате во фантастичниот поглед и ќе ве спуштат… со брзина од 137 километри на час.
Всушност, ќе доживеете слободен пад со таа брзина, кој ќе трае околу 5 секудни, иако можеби вам ќе ви се чинат како цела вечност.
Оваа нова „играчка“ која ќе се вика “Lex Luthor: Drop of Doom”, ќе биде достапна наредната година во нивиот забавен парк “Six Flags Magic Mountain”, кој ќе биде лоциран во Лос Анџелес.
Погледнете го чудовиштето во фаза на изградба и почнете да собирате храброст за да го испробате:
http://www.youtube.com/watch?v=o1kj30tUDJs&feature=player_embedded