Сурови правила во Тајланд! За лајк на Фејсбук 15 години затвор! :(

popara30 ноември, 20111min00
jail

Граѓаните на Тајланд би можеле да одат во затвор доколку им се допаѓаат страници на социјалните мрежи кои го навредуваат кралот.

Луѓето од Тајланд ако ги лајкуваат страниците или коментарите на Фејсбук каде се навредува кралот или неговото семејство ќе заглават во затвор и тоа на 15 години.

Тамошниот министер за информации ги предупредил сите кои имаат профили  на  најголемата социјална мрежа да ги отстранат сите несоодветни коментари и лајкови на сметка на кралот. Во спротивно, доколку не го направат тоа ќе бидат обвинети дека го прекршиле законот.

Законот важи и за странци?!

Тајланд многу строго ги спроведува законите кои го штитат ликот и делото на кралот Bhumibol Adulyadej, познат како Rama IX, без оглед на националноста на лицето кое ги прекршило нивните закони.

Така, во 2007 година еден швајцарец бил уапсен и осуден на 10 години затвор, бидејќи со спреј го испрскал лицето на кралот на еден постер. Две години подоцна еден австралиски писател бил осуден на три години затвор, поради тоа што во еден негов роман тој имал напиашно навредливи зборови за кралот на Тајланд.

Тајландските власти сега се свртеа кон интернет прекршувањата на законот. Американскиот државјанин Џо Гордон бил уапсен оваа година, бидејќи на својата интернет страница имал обајвено делови од забранетата биографија на кралот. На суд ја признал вината и моментално ја чека пресудата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag