Откако сушата го намали нивото на езерото Nacogdoches во американската држава Тексас, полицијата пронашла дел од веселеснкиот шатл Колумбија, кој пред осум години се распадна при враќањето кон Земјата. Во таа несреќа загинаа осум астронаути.
Полицијата веднаш откако ги пронашле остатоците, ги повикале експертите од НАСА, да ги проверат истите кои ги открило пресушеното езеро. Дека пронајдените остатоци се навистина од вселенскиот шатл Колумбија, потврдила портпаролката од НАСА, Лиса Мелоун.
“ Ова е еден од нашите 16 тенкови кои ги имавме внатре во леталото, како дел од составот за дистрибуција на електрична енергија. Со сигурност ова е наше“, изјавила Мелоун, додавајќи дека овалниот објект е широк 1,2 метри.
За потсетуање, вселенскиот шатл Колумбија експлодираше и се распадна на 1 февруари 2003 година, при влезот во орбитата на Земјата. Причината за катастрофата било опаѓањето на топлотниот штит, при пто во текот на враќањето во атмосферата резултирала со загревање на внатрешноста на леталото (околу 1.100 °C), пожар и експлозија.
Во таа несреќа загинаа членовите на екипажот : Rick Husband, William McCool, Michael Anderson, David Brown, Kalpana Chawla, Laurel Clark и првиот израелски атронаут llan Ramon.