Една свадбена церемонија во Чешка завршила на многу невообичаен начин, поточно со тепачка меѓу невестата и младоженецот.
Младенците се скарале во еден ресторан, југоисточно од Прага, а потоа почнале да се тепаат, соопштила чешката полиција.
Како што пренеле локалните медиуми, двајцата биле пијани, а од тепачката заработиле видливи модринки.
Невестата, (31), обдивала да направи алкотест, па била сместена во ќелија за да се отрезни и за да не го нападне повторно младоженецот.
На новопечените сопружници им се заканува парична казна поради физички напад на сопствената свадба.