Секоја четврта жена не ја поднесува својата свекрва и смета дека таа во се се меша, се контролира и дека е зајадлива, открива студијата спроведена на 2.000 жени.
Речиси една третина од жените признаваат дека поради свекрвата во некои моменти се чувствуваат дека не се доволно добри за своите партнери. Околу 35% тврдат дека свкрвите ги осудуваат, а за 32% од жените се мешаат таму кај што не им е работа. Околу 24% односот со свекрвата го опишуваат како лош, дури страшен, а за 25% од нов е контролиран.
Многу од овие жени со семејството се преселиле за да бидат што подалеку од свекрвите, а за 5% свекрвите биле причина за брачната криза. Жените сметаат дека свекрвите мислат дека за се знаат што е најдобро, особено ако е родителството во прашање. Покрај тоа, често ги понижуваат пред партнерот и децата.
-Жните сметаат дека свекрвите го гледаат од висина, ги критикуваат родителските вештини и се мешаат во врската со партнерот. Меѓутоа, тиа може да бидат и голема поддршка, особено за новите мајќи, поради грижата околу децата – истакнува основачот на студијата.
Совршена свекрва е онаа со млад дух, независна, великодушна и забавна, која ги препознава границите на интервенција и добар однос, заклучуваат жените.
Типови на свекрви
Постјат седум видови, зависно од степенот а брак, покажува истражувањето.
Свекрвата “јас знам најдобро” мисли дека знае се, одобено кога е во прашање воспитувањето на децата. Тука е “убербаба” која мисли дека има право на неограничен пристап на домакинството. Незаинтересирана “имам свој живот” свекрва, на прв поглед делува незаинтересирано, но нема да испушти да искоментира околу готвењето на невестата и родителските вештини.
Свекрва која ги критикува вештините на добрите домакинки, мисли и јасно покажува дека невестата не е способна добро да ја испере и испегла облеката, поради што нејзиниот син изгледа како скитник.
Свекрва која го загорчува животот е онаа која пред другите сака да ја наметне идејата дека е елитна и гламуризна баба која е скогаш средена, па дури и кога готви и ја чисти куќата.