Славниот глумец Крис Нот, познат како Sверка од серијата “Сексот и Градот”, веќе е три дена во Крагуевац, каде рано наутро оди на снимање. Веднаш по доаѓањето во хотелот, се повлекол во апартманот каде на огледалото го дочекала порака од собарката-“ Sверка, те сакаме!” Популарниот глумец кој и во текот на интервју мрази да се ракува, бил рамнодушен на пораката од собарката.
Околу шест часот сабајле, тој оди на снимање во Књежевиот арсенал, каде глуми една од улогите од серијата “Титаник-крв и челик”. Тој не ни доручкувал во хотелскиот ресторан. Холивудската ѕвезда е како што велат од хотелот, насмеан и прекрасен гостин, без посебни барања.