Свежо лице во три чекори

popara9 декември, 20111min00
svezo lice

Доколку се чувствувате заморени и немате доволно енергија, тоа ќе се одрази и на вашето лице. За среќа, шминката може одлично да ги прикрие знаците на умор. Во овој случај, експертите советуваат дискретна шминка која ќе потенцира само неколку детали од лицето.

Доколку имате темни кругови по очите, прикријте ги со коректор во  соодветна боја.  Виснатите ќесички под очите може да ги омекнете со специјални креми кои имаат моментален ефект. Следниот чекор е нанесување на маскара која го преобразува вашиот изглед и го брише уморот кој е најмногу видлив во пределот на очите. Најдобро е да користите маскара која визуелно ги продолжува трепките и им дава волумен.

Сепак, ако шминката на очите не е доволна да го скрие уморот и ви треба подобар ефект, пробајте со нанесување на руменило и тоа најдобро изберете праска боја која ќе ја нанесете на вашите јаболчници и на врвот од челото.

Заморот на лицето секогаш може да го покриете и со кармин во нијанса која одговара на вашиот тен вашиот тен, но избегнувајте премногу силни нијанси, како црвена или портокалова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma