Свртел погрешен број и запросил погрешна жена

27 јануари, 20110
man-cell

Британски војник по грешка запросил погрешна жена. Сакајќи од Авганистан да ја побара својата девојка на телефон и да и предложи брак, го згрешил бројот и трогателната порака со предлогот за брак, стигнала до телефонската секретарка на 44 годишната Дајана Потс. Дијана сега се обидува да ја пронајде девојката до која требало да стигне пораката, за да го пренесе предлогот за брак, бидејќи Дијана се надева дека штом имаат слични броеви можеби и живеат блиску. “Здраво душо, јас сум. Неможев да те побарам минатиот месец, но сега те барам да ти кажам дека ќе се вратам за три месеци и ќе бидеме повторно заедно. Толку те сакам, со целото мое срце што сакам да те прашам дали ќе се омажиш за мене? Тажен сум што денеска не можевме да се слушнеме, но ќе го сториме тоа наредниот месец, сега се враќам на работа и не заборавај дека те сакам“, гласел дел од пораката на британскиот војник.
Дијана била во шок кога ја слушнала пораката и изјавила дека ќе даде се од себе да ја најде девојката.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi