Таблет компјутерите поттикнуваат поголемo читање на вести

popara18 октомври, 20111min00
Tablet PCs

Сопствениците на таблет на своите уреди конзумираат повеќе вести, и тоа различни видови на вести, а визуелните и интерактивните елемнти ги потикнуваат на подлабоко истражување, заклучиле заедничките студии кои ги спровеле компанијата Starcom Media Vest и онлајн секторот на BBC.

Седумдесет и осум проценти од испитаниците изјавиле дека прочитале повеќе вести и се интересирале за различни теми. Повеќе од три четвртини од нив рекле дека таблетите целокупното искуство до доаѓањето до вести го прават многу поудобно. Исто така, пвоеќе од третина од испитаниците поминува дневно повеќе часови со медиумите и тоа заблагодарувајќи на своите таблет компјутери, пишува Mashable.

Oвие резултати произлегуваат од шест неформални, длабински интервјуа и 1.100 испитаници од САД на возраст од 15 до 54 години, од кои 88 проценти поседува таблет. Сите себе се опишале како потрошувачи на содржините од вестите.

Истражувањето исто така покажало дека двајца од три сопственици на таблет го користат својот уред додека работат некои други работи. На пример, користат таблет додека гледаат телевизија или поминуваат време со пријателите. Ова е обичај кој е почест помеѓу сопствениците на таблет кои својот уред го поседуваат повеќе од седум месеци. Но, тоа и не е така невообичаено, доколку се земе предвид дека мнозинството апликации се направени со цел да се користат додека се конзумира содржина и на друг уред, на пример телевизија.

Освен тоа, испитаниците се склони за најновите вести да се информираат од познатите медиски брендови, отколку од таканаречените „news aggregators”, што е податок кој на BBC без сомнеж ќе се обиде да го искористи во преговорите со огласувачите.

Значаен број на испитаници исто така изјавиле дека би се откажале од спорт (47%), кафе (44%) или Facebook (44%), отколку од апликацијата за вести на своите таблет компјутери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag