Tahéima Wellness Resort & Spa е спа центарот специфичен за Пацифичкиот океан, со местоположба северно од Puerto Vallarta и просечна температура од 27-37 степени. Лековитата вода е и дом на загрозениот вид желки Кагуама, кои се ексклузивна глетка за туристите и тоа во моментот на положување на нивните јајца на плажата.
Помеѓу флората и фауната, планинскиот синџир Сиера Мадрес и по текот на Мексиканската Ривера, неизбежен е овој прекрасен предел.
Во поглед на апартманите кои Ви се понудени, примарно е да се спомне дека одморот, релаксацијата и романтичните моменти кои ќе ги доживеете, а Ви ги овоможува ова место, едноставно се гаранција однапред.
Ултра модерните соби вклучуваат кревет, мала кујна, луксузна бања и балкон со поглед кон Пацификот. Индивидуално, секој апартман има свој приватен базен и термален извор кој влијае за целосната магија на ова место,која гарантирано ќе придонесе за Ваша физичка и психичка обнова.
Да не ги заборавиме и третманите за подмладување, длабинското чистење лице, педикир, маникир, аромотерапиите и масажите на база на ароматски билки, есенцијални масла и морски алги кои се неопходни за ревитализација на кожата. Достапни се и рефлексологија, чакра балансирање и Shiatsu за тотален ефект на релаксација. Дознајте нешто повеќе за резервациите и без мислење, отпатувајте во Tahéima Wellness Resort & Spa.