Поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон ќе заработи 160.000 долари и тоа само за промоција на турнир во Дубаи, соопштила Арапската боксерска федерација.
Тајсон во јануари ќе биде почесен гостин во Дубаи, каде ќе гледа 12 борби во машка и женска категорија, меѓу боксерите од Блискиот Исток и Европа.
Листата на натпреварувачи на овој турнир ќе биде објавена кон крајот на овој месец.
Мајк Тајсон се смета за еден од најдобрите боксери. Во неговата кариера забележа 50 победи, а имал 6 порази. Го следеа неколку неславни моменти, како одгризувањето на увото на Холифилд, потоа банкротирањето, а кариерата ја заврши во 2005 година.