Таткото на Кака: Мојот син останува во Реал

popara14 јуни, 20111min00
kaka

Леита, таткото и менаџер на бразилскиот фудбалер Кака, испратил јасна и кратка порака по состанокот со управата на Милан во Италија.

“Мојот син останува во Реал Мадрид” – било се што рекол таткото на Кака.

Само неколку дена порано иста таква порака испратил и самиот Кака, изразувајќи желба да остане уште долго во Мадрид.

Кака му се придружи на Реал во 2009. година од Милан, но ги задржа блиските односи со својот поранешен клуб од “Сан Сиро”. “Газета дело Спорт” известуваше дека тренерот на Милан, Алегри, потпретседателот Галијани и директорот Браида на состанок со таткото на Кака разговарале за можен кам бек на Бразилецот меѓу “росоњерите”.

Краткиот коментар на Леита по тој состанок е уште еден доказ дека Кака е одлучен во намерата да остане во “кралскиот клуб”, со кој има договор до 2015. година.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma