Мич Вајнхаус, таткото на починатата Ејми Вајнхаус ќе основа фондација во име на неговата ќерка, со обид да им помогне на луѓето кои се борат со дрога и алкохол.
Ејми Вајнхаус почина во саботата на 27 годишна возраст, а причината за нејзината смрт сеуште не е утврдена. Таа имаше успешна година на музички план, но она што приватно и се случуваше ја уништуваше и не и дозволуваше да се откаже така лесно од дрогата и алкохолот. Затоа во последните денови од животот таа беше под дејство на енормна количина на дрога и алкохол.
Таткото на Ејми, Мич на нејзиниот погреб одржа краток говор во кој меѓу другото кажал дека сака да им помогне на сите други кои имаат слични судбини на неговата ќерка.