Бредли има само 7 години, а боледува од вентрикуларна тахикардија. Момчето за разлика од неговите врсници и другите луѓе, срцето му чука три пати побрзо, па затоа несмее да се смее и да се вознемирува.
Секој си помислил дека нема ништо поубаво и поискрено од детското смеење, но Бредли Бурхаус тој „луксуз“ му е забранет од лекарите. Момчето кое потекнува од Велика Британија боледува од ретка срцева болест, поради која му се заканува инфаркт и смрт. Храбриот Бредли веќе се има откажано од секака физичка активност, а мајката постојано го предупредува дека не треба да се смее и вознемирува.
Оваа болест Бредли може да ја ублажи со таблети или операција. Момчето во следните неколку недели ќе ги направи сите потребни тестирања и прегледи кај лекарите, а тие потоа ќе одлучат што е најпаметно да се направи за ова дете.
„Постојано внимаваме Бредли да не се возбудува премногу. Знам дека веднаш штом ќе ми претрча во прегратки неговото срце може да искочи од градите“, изјавила тажната мајка, Тони.
Лекарите ќе направат се за да му ја вратат насмевката на лицето на Бредли, додала на крај мајката.