Тажна приказна, со среќен крај

popara26 септември, 20111min00
12

Како пливањето и многу љубов, му го спасија животот на малото кутре Харпер…

Лоши прогнози…Малото утре беше извлечено од кеса за ѓубре во Флорида. Му беше дијагностицирана болест „pectus excavatum“, т.н. пливачки синдром. Тоа е синдром кој ретко се појавува кај кутрињата, но ако се појави предизвикува тие да лежат на стомак со исправени нозе, како на сликата. Тоа е најчесто симптом за тешки невролошки проблеми поради кои кучињата не можат долго да преживеат. При ваква состојба, ветеринарите препорачаа кутрето да се успие.

Промена на околности…Ерика Даниел, која обезбедува привремено згрижување на кучиња во тешки здравствени состојби, одлучи да го земе малото кученце кај себе дома и еден ден пред да биде успиено, да му покаже љубов. Но после само неколку часа масажа и галење, Харпер почна да мрда и да ја подигнува главата. Даниел охрабрена од ваквите околности, Ерика ја контактираше Бев Мек Карт – терапевт за кучиња, која се согласи да и овозможи на Харпет терапија.

Риба во вода…Уште на првата сесија од нејзиниот третман, Харпер се покажа многу добро. Терапевтката Мек Карт објаснила дека пливањето многу и помогнало на Харпер, бидејќи ја научило како треба да изгледа нејзиното природно движење.

Прогрес…Хидротерапијата и масажата ја поттикнаа малата Харпер да се движи, тоа е нешто што секое куче го има, инстинктот да стане и да продолжи понатаму.

Незапирлива…Харпер за првпат преооде на трева, потоа на тепих па на бетон. Сеуште не е целосно способна, но таа е незапирлива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag