Тажна вистина! Секта ја држела 12 години во робство! :(

popara5 декември, 20111min00
Тажна вистина! Секта ја држела 12 години во робство! :(

Сиднеј – Пеколот на море.

Валеска Парис, била заробена од страна на скиентолошката црква на брод со цел да не ја напушти таа организација.

Валеска Парис, поранешна членка на Скиентолошката црква, открила дека од страна на сектата била држена во заробеништво на брод цели 12 години. Таа раскажала дека на бродот, кој пловел само околу мали острови била од својата 18-та година.

Валеска е родена во скиентолошко семејство во Швајцарија, а кога имала шест години со фамилијата се преселила во Велика Британија. На само 14 години потпишала доживотен договор дека ќе остане во скиентолошката црква. Нејзината мајка излегла од црквата, откако нејзниот татко се убил. Поради страв дека и Валеска ќе замине од организацијата, таа била заробена.

Во интервју за ABC, навела дека на бродот ја испратил шефот, скиентологот Дејвид Мискевиџ, за да неможе семејството да ја извлече од канџите на организацијата. Валеска не смеела да излезе од бродот без придружба.

„Буквално ме киднапираа и ми рекоа дека мораат да ме оттргнат од мајка ми, бидејќи таа лошо влијаела на мене во поглед н а религијата“, раскажала Валеска, која сега живее во Австралија.

httpv://www.youtube.com/watch?v=XWJlEWWLvLM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma