Тажната Ејми е една од најдобрите фотографии во 2011!

popara29 декември, 20111min00
1

Фотографијата од соул џез пејачката Ејми Вајнхаус  која на нејзиниот последен концерт во Белград на 18 јуни ја снимил Бранислав Брајан Рашиќ е една од најдобрите фотографии за 2011 година, според изборот на британскиот весник “Градијан”. На оваа фотографија Ејми е “фатена” како заштитничи се гушка сама себе и тажно гледа во мокрофонот за време на концертот кој требаше да биде почеток на нејзината долго најавувана европска турнеја.

Рашиќ, бил единствен фотограф на овој концерт.

-Ја фотографирав Ејми Вајнхаус од како ја започна музичката кариера, изјавил Рашиќ кој е и официјален фотограф на “Rolling Stones” и Пол Макартни.

-Не знаев дека ќе бидам единствен фотограф во мојот роден град Белград. Свирката беше очајна, но тоа веќе сме го виделе од неа. Не беше ништо ново и ништо за што подоцна би се каеле.

Поради тоа што Ејми тогаш му била клиент, Рашиќ на јавноста за овој концерт и претставил само “пристојни” фотографии. Кога пејачката на 23 јули беше пронајдена мртва во својот стан во Лондон, Брајан ги прегледувал фотографиите и одлучил да објави уште неколку, сметајќи дека светот треба да види што се случувало таа ноќ во Белград.

-Тоа се вознемирувачки фотографии и гледате дека таа е вознемирена, објаснил Рашиќ. Кога некои од моите колеги ги погледнаа, се расплакаа. Јас имам измешани чувства и не сум горд. Веќе со децении документирам музика и мислам дека овие слики ќе ме пратат засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag