Тбилиси го менува името на државата

popara28 јуни, 20111min00
georgia.flag.1
Грузија ги повика државите низ светот, кои сеуште ја ословуваат со нејзиното име, кое потекнува од руското говорно подрачје, да се откажат од тоа и да ја нарекуваат земјата со името од англиското јазично подрачје-Џорџија, објави “Франс Прес“, пренесува Нетпрес.
“Побаравме од земјите, кои сеуште не’ нарекуваат Грузија, да го сменат тоа и да не’ нарекуваат Џорџија“, изјавила портпаролот на грузиското министерство за надворешни работи.
Заменик министерот за надворешни работи на Грузија, Нино Бурџанадѕе, на прес-конференција објаснила дека веќе била испратена официјална писмена молба до сите земји низ светот, кои го користат името “Грузија“. Според властите во Тбилиси, Јужна Кореа веќе извршила таква промена, но други држави како на пример Јапонија, Полска и балтичките земји, продолжиле да го користат името “Грузија“.
Самите Грузијци земјата си ја викаат “Сакартвело“, по името на нејзиниот легендарен основач Картлос.
Грузија и Русија немаат дипломатски односи по војната меѓу нив во август 2008 година, која се случи по одлуката на Москва да ја признае независноста на Абхазија и на Јужна Осетија. Воениот конфликт, кој траеше неколку денови, заврши со тежон пораз на Тбилиси.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag