Бритни Спирс троши повеќе од 300.000 $ на сопствената безбедноста но и на безбедноста на своето семејство. Пејачката во текот на денот ја следат телохранители за кои се грижи посебен тим. Сепак, телохранителите од компанијата Advanced Security Concepts Corporation тврдат дека Бритни не го платила ни половината од договорениот износ, па затоа одлучиле да ја тужат.
За истата компанија работел и поранешниот телохранител на Бритни, Фернан Флорес, кој ја тужел пејачката за сексуално малтретирање. Компанијата тврди дека Бритни поради Фернан не сакала да го плати останатиот дел од договорениот износ во висина од 140.000 $ . Бритни заедно со нејзиниот тим се уште немале коментар за новата тужба.