Тензично на Косово! КФОР и ЕУЛЕКС вршат претрес во српски домови

popara31 август, 20111min00
KFOR_Kosovo2

Во северниот дел на Косово, во тек е операцијата на специјалните сили на КФОР и ЕУЛЕКС во врска со истрагата за убиството на припадникот на косовската полиција што се случило на 26 јули годинава, соопштил утринава портпаролот на ЕУЛЕКС, Николас Хотон, а пренесува Блиц.

Дописник на Танјуг објавил дека на барикадата која претходно била поставена од страна на Србите се наоѓале голем број на војници на КФОР. Исто така изјавил дека Србите полека се собирале на барикадите, и дека ситуацијата во општина Зубин Поток била многу напната, но се уште мирна.

Силите на КФОР и ЕУЛЕКС влегле околу 5:30 часот утрово во селото Зупче и Зубин Поток, и почнале да вршат претрес по околните домови. Според неофицијални информации на Блиц, ЕУЛЕКС барал шест лица кои биле осомничени за убиство на член на косовската полиција, при обидот за насилно преземање на административната граница Брњак, во општината Зубин Поток.

Независни весници објавиле дека во селото Зупче бил повреден локален жител, откако силите на КФОР фрлиле солзавец кон насобраните луѓе. Лицето било пренесено во болница каде што му била пружена лекарска помош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag