Како што пишува Story, излетот во Прага на поранешните станари на Големиот брат, Брендон и Лестер нема да им остане во најубаво сеќавање.
Нетрпеливоста меѓу нив се зголемила до тој степен што одлучиле и физички да се пресметаат.
А до пресметката дошло поради непрестаното провоцирање на Брендон. Лестер во еден момент го нападнал Брендон, бидејќи не сакал да ги трпи неговите константни провокации.
Судирот поминал без поголеми физички последици за двајцата, но не е познато дали тие сепак на крајот се смириле.