Домаќините на Copa America, фудбалерите на Аргентина се најголемото разочарување на досегашниот дел од натпреварите. Двата слаби нерешени натпревари, со Боливија (1:1) и со Колумбија (0:0) доведоа Меси и екипата да бидат жестоко искритикувани од домашните медиуми, а и можното испаѓање од понатамошното натпреварување во групи е возможно сценарио.Само со евентуална победа над Костарика може да се продолжи во следната рунда од групите.Инаку после резултатот од (0:0) со Колумбија се разгоре ситуацијата во соблекувалната. Николас Бурдизо голманот на аргентинската репрезентација вербално го нападнал Меси, доближувајќи му се во лице му се обратил со зборовите: “Ти си идиот!”. Наводно на ова ни Меси не останал должен. Дека ситуацијата во тимот е на точка на топење говори и расправијата помеѓу Хавиер Занети и Габриел Милито.