Холивудскиот актер Теренс Хауард добил забрана за приближување на неговата поранешна сопруга во радиус од 90 метри, по нејзините тврдења дека била малтретирана и тепана додека биле во брак.
Судијата на Високиот суд во Лос Анџелес донел пресуда врз основа на изјавите на Мишел Хауард дека неговото малтретирање започнало една недела по нивната свадба во 2010 година. Мишел поднела барање за развод, една година подоцна.
Хауард ги негирал овие тврдења и изјавил дека никогаш не ја малтретирал својата сопруга. Хауард додал дека Мишел го прави сето ова само за да ја поткопа неговата репутација.
Актерот бил номиниран за Оскар 2005 година за улогата во филмот “Hustle and Flow”, а истакната улога имал и во првото продолжение на “Iron Man”.