Додека ние се нервираме бидејќи си ги искршивме автомобилите возејќи по раскопаните улици на Скопје, погледнете што се случува во главниот град на Авганистан, Кабул. Откако двајца бомбаши-самоубијци активираа експлозив пред канцеларијата на Британскиот совет на денот на независноста на Авганистан, во главниот град настана хаос. Во нападот загинаа осум лица, а голем број беа повредени. Погледнете ги фотографиите направени непосредно по нападот, и бидете среќни што си живеете во нашето Скопје, колку хаотично и раскопано да е.