Тешка кражба во скопска Гази Баба

29 мај, 20110
mvr-stip-policija
Крадец украл пет илјади евра, злато и разен накит од куќа на улицата “Бајрам Шабани“ во скопска Гази Баба.
Вчера, во времето од 21до 23 часот, во Скопје на улица “Бајрам Шабани“  сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на Н.Д. (44), при што украл, 5.000 евра, пет златни лири,  златен ќустек, една женска златна нараквица и златни прстени, со што е оштетен за околу 480.000 денари.
Тешката кражба  сторителот ја извршил на тој начин што се прекачил преку влезната порта во дворното место, потоа со употреба на погоден алат делувал на прозорот во пределот на механизмот, го отворил и влегол во куќата, извршил пребарување во собите, и откако ги одзел наведените предмети и пари го напуштил лице местото.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi