Тешко е да поверуваме, но Фејсбук не е „Фабрика за правење пари“!

popara9 септември, 20111min00
facebook-smileys

 Ако мислите дека најголемата друштвена мрежа Фејсбук со повеќе од 750 милиони активни членови е огромна фабрика за правење пари, тогаш можеби се лажете..

Според извештаите на Ројтерс во првата половина на годинава Фејсбук имал приходи од 1,6 милијарди долари и нето добивка од околу 500 милиони долари, што можеби звучат како доста импресивни бројки, но очекувањата за приходот за до крајот на годината достигнуваа и до 4 милијарди долари. Но како и да е во однос на 2010 година Фејсбук дефинитивно напредува, сакале или не…

Од инвестициската банка Голдман Сачс се провлекоа информации дека Фејсбук во првите десет месеци од изминатата година имал приходи од 1,2 милијарди долари и нето добивка од 355 милиони долари. Но сеуште не е прецизно јасно околу чистиот финансиски капитал на Фејсбук од интернет огласувањата, или пак колкав дел заработува од продажбата на виртуелните производи во игрите на ФБ платформата.

Некаде на крајот од првиот квартал на идната година треба наводно да се одржи Фејсбук-овиот IPO , но поради влошените услови на светскиот финансиски пазар веќе ги одложиле IPO-вите Зинге и Групон, па ова може да го спречи Фејсбук да се појави на Њу Јоршката берза.

Последните вложувања на Марк Зукенберг и Фејсбук беа во јануари годинава кога од Голдмен Сачс, рускиот DST фонд и приватните вложувачи осигураа финансиска поткрепа од 1,5 милијарди долари. Оваа сума би требало да им биде доволно за да го продолжат нормалното работење се до појавувањето на берзата.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag