Фудбалската репрезентација на Македонија, забележа тесна победа од 1-0 против аутсајдерот Андора. Пред 4.000 гледачи на националната арена „Филип Втори”, се чекаше дури 59 минути да биде скршен отпорот на аматерите од Андора со голот на Ивановски.
Изданието на нашата репрезентација беше очајно. Иако Македонија играше без Пандев, сепак против 202-рата селекција на ранг листата на ФИФА мораше да се прикаже подобра игра и да се дадат повеќе голови. Иако освоивме 3 бода, сликата на теренот беше лоша, играта немаше жар и нашите фудбалери како да играа без срце.
Од играта не беше задоволен ни нашиот нов селектор, Џон Тошак, кој во 59 минута остана ладен и не се радуваше на голот на Ивановски. Ова е прва победа за него како наш селектор.
Во другите натпревари од нашата група, Русија не успеа да ја победи репрезентацијата на Ирска. Мечот заврши без голови. Додека репрезентацијата на Ерменија на гости го совлада фаворитот Словачка со огромни 4-0.