Вооружена маскирана група ограбила златара во Тетово при што повреден е сопственикот на златарата, а крадците со златото во две возила избегале во правец кон Јегуновце.
Крадците наишле на блокада од полицијата при што почнале да пукаат кон нив и во престрелката еден од разбојниците бил убиен а полесно повреден еден полицаец.
Според информациите од МВР, останатите ограбувачи без возилата избегале во околината.
Полицијата с уште трага по нив, а златото кое било украдено од златарата, полицијата го пронашла во нивните автомобили.
Извор: Нетпрес