Тим научници во потрага по Јети?!?

popara5 октомври, 20111min00
1

Тим од научници од шест различни земји ќе се соберат оваа недела во регионот Кемерово и заедно ќе тргнат во голема експедиција за пронаоѓање на легендарниот Јети. Меѓународната експедиција тргнува од Москва и ќе патува цели 5.000 километри до крајната дестинација Кемерово.

Се прашувате зашто баш Кемерово??? Кемерово е регионот во Русија, поточно Сибир, во кој наводно во последно време се појавиле голем број на луѓе кои тврдат дека имале блиска средба со Јети.

„Суштеството беше големо, имаше долги кафени влакна како оние кај мечките, ама не беше мечка. Цел живот живеам во Сибир и не би направила грешка да не разликувам мечка од друго животно. Суштеството одеше како човек, беше висок околу 1,90 метри“ раскажува 82 годишната Раиса Судочакова.

Директорот на тимот Игор Буртсев, кој ќе ги истражува случаите на забележани Јети во последните неколку месеци во областа Кемерово верува дека според сведочењата на очевидците  во таа област живеат над 30 единки од видот Јети.

Резултатите од истражувањето ќе бидат познати најдоцна до март идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma