Тинејџер си играл доктор и оживувал пациенти :(

popara4 септември, 20111min00
tinejdzer-17-na-floridi-glumio-lijecnika-i-ozivljavao-pacijente-504x335-20110935-20110903205842-1cea2d5428a965165a8e4a026fa67fcb

Метју Шеид (17) од Флорида бил уапсен откако откриле дека лажно се претставувал како лекар асистент па дури и неколку пати им помагал на пациентите кои имале срцев удар. Младото момче било уапсено во петокот и се уште не се знае дали додека си играл доктор повредил некој пациент, пишува DailyNews.

Метју на болничкиот персонал им тврдел дека има 23 години и дека е студент на Southeastern University. Според пишувањето на Daily Mail, момчето било инспирирано од филмот “Catch Me If You Can” со Леонардо ди Каприо, а станал сомнителен, кога се обидел да добие дозвола за забранетиот дел на болницата. Болницата сега за сега нема коментари за случајот.

Филмот, кој го “инспирирал” момчето е вистинска приказна за Френк Абагналеј. Тој со измами и лажни чекови започнал уште како тинејџер, и се претставувал со осум различни идентитети. Неколку пати и бегал на полицијата, и после неколку години робија, се приклучил на ФБИ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma