Том Форд со колекција шминки! За се да ги бивало, бреее:)

popara1 септември, 20111min00
Tom Ford Make-up Collection

Познатиот креатор заплива и во водите на козметиката.

Том Форд одлучи да ја лансира својата прва комплетна линија шминки. На пазарот ќе се најде во октомври, иако засега целиот асортиман на колекцијата наречена „Colour Collection“ е веќе готов. За Британците и Ирците, оваа колекција најверојатно ќе биде достапна уште во септември, а кај Американците ќе закасни цел месец.

Имено, Форд и лани понуди неколку кармини колку да го испита теренот, но сè друго од него е сосема ново. Во есенската колекција 2011, ќе се најдат 10 бои на сенки, 6 нијанси на руменила, 10 различни кармини, 10 нијанси стик пудри, пудра со заштитен фактор 15, 16 лакови за нокти, како и сјаеви за усни, маскари и подлоги за нега на кожата.

Во оваа луксузна линија има нота од 70-тите, а потписот на Том е во кафена и златна боја. Четките се сјајни и златни, а креаторот признава дека тие најмногу го потсетуваат на детството и на шминките на мајка му.

Инаку, четкичките за целата колекција се направени од природен материјал, за да не се погреши при нанесувањето на шминката. За цената можеме само да погодуваме. Засега знаеме само колку чинеше еден негов кармин во продажба во 2010 година. Само 45 евра!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag