Том Круз и Кејти Холмс навистина ја размазиле нивната ќерка Сури. И дозволуваат да прави сцени во продавници и да троши огромни суми на нејзината облека и чевли, иако наидуваат на осудување од јавноста за овие постапки. Изгледа тие не се грижат многу околу тоа. Малата Сури осетила дека може, па затоа си тера по свое, така за божиќните подароци си составила поголема листа на желби! Овој пат Том и Кејти за своето дете откупиле јавно лизгалиште во рамките на “Рокфелер центарот” во Њујорк, со цел нивната ќерка да може да лизга по своја желба.
Ова задоволство ги чинело дури 5.000 долари за целата сезона. Грижните родители покрај тоа за Сури порачале и специјални играчки кои ќе бидат поставени на лизгалиштето, така што нејзинато уживање ќе биде потполно во секој момент.