Топ 10 интересни факти за соновите

popara27 јуни, 20111min00
sonovi

10. Слепите луѓе сонуваат

Луѓето кои го изгубиле видот по раѓањето можат да гледаат слики додека спијат. Луѓето кои се родени слепи, не гледаат никакви слики, но имаат сонови кои вклучуваат авуци, мирис и емоции.

9. 90% од соновите се забораваат
Најчесто за 5 минути после будење, пола од сонот се заборава, додека за 10 минути 90% од сонот ги нема.

8. Сите сонуваат
Секое човечко суштество сонува (освен во случаи на екстремна психолошка пореметеност).

7. Соновите спречуваат психоза
Во еден експеримент, во кој студентите кои биле разбудени на почетокот на секој сон (но сепак им било дозволено 8 саати спиење), искусиле тешкотии во концентрација, халуцинации и знаци на психоза после само 3 дена.

6. Го сонуваме само она што го знаеме
Нашите сонови се фреквентно полни со непознати луѓе кои играат одредени улоги. Дали знаевте дека умот не ги измислува тие лица, туку тие се лица од вистинскиот ваш живот. Лошиот убиец во сонот може да е човекот кој сте го виделе на бензинска пумпа или сл.

5. Не секој сонува во боја
Околу 12% од луѓето сонуваат црно бело. Останатиот процент сонуваат во боја. Луѓето исто така си имаат и одредени теми во соновите како: ситуации поврзани со училиште, работа и сл. , кога се бркани од некого, кога трчаат успорено/во место, сексуални теми, паѓање во бездна, паѓање на забите, летање и сл.

4. Соновите не значат точно тоа што го гледаме во сонот
Доколку сонувате одредено нешто, не мора да значи дека сонот е всушност за тоа. Соновите зборуваат во длабок симболички јазик. Несвесниот ум се обидува да го спореди вашиот сон со нешто што е слично на тоа. Тоа е како да пишувате поема и кажувате дека група мравки биле како машини.

3. Луѓето што ги оставиле цигарите имаат повесели сонови
Луѓето кои биле пушачи долг период и прекинале, имаат повесели сонови одколку предходно, покажаа истражувањата.

2. Надворешни стимули упаѓаат во нашите сонови
Пример за ова е кога сте жедни и вашиот ум едноставно го инкорпорира тоа чувство во вашиот сон, притоа претставувајќи како пиете голема количина вода во сонот.

1. Кога хрчите, не сонувате 🙂

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag