Топ 15 најубави латиноамериканки!!!

popara9 септември, 20111min00
naslovna

Во чест на женската убавина, магазинот „Латина“ ги постави на насловната страница 15те најубави и најуспешни латиноамерикански во светот.

На насловната страница се најдоа Селма Хајек, Ева Лонгорија, Џесика Алба, Селена Гомеж и многу други познати жени кои позираа облечени во раскошни црвени фустани кои ја симболизираат латиноамериканската култура.

„Латина“ прослави 15 години од своето постоење, па покрај гореспоменатите актерки, на фотосесијата се најдоа и ѕвездата од Аватар Зои Салдана, водителката на NBC Today Show Натали Моралес, Мишел Родригез, Ана де ла Регера, Америка Герера, Росарио Давсон и Рози Перез, како и пејачките Глорија Естефан, Шакира и познатиот модел Дејзи Фуентес и пријателката на Ким Кардашијан, Ла Ла Ентони.

Снимањето на овој проект, за чие планирање беа потребни 9 месеци, траеше 7 дена, а беа потребни 100 дизајнерски црвени фустани и накит вреден околу 10 милиони долари.

Прекрасните латино убавици, кои за прв пат прават заедничка фотосесија, зборувале за своето потекло и за тоа што значи да се биде латиноамериканец. Фотосесијата навистина била рај за очите бидејќи латиноамериканските важат за едни од најубавите и најстраствените жени на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma