Топ идеја :) Брак на одредено време :)

popara3 октомври, 20111min00
brak

Мексико Сите ќе воведува „брак на одредено време“. Со цел да им помогне на идните младенци, кои кратко по бракот сфаќаат дека погрешиле, па посакуваат да се разведат што побрзо, одборите на мексиканската престолнина размислуваат да воведат институција за привремени брачни документи.

Градското собрание на Мексико Сити, кое пред две години ги легализираше хомосексуалните бракови, сега планира да усвои закон кој ќе им овозможи на двојките сами да ја изберат должината на бракот.

Младенците ќе мора да склучат договори на најмалку две години, доколку се задоволни со бракот може да го продолжат колку пати сакаат. Таквите договори ќе содржат клаузули и одредби за поделба на имотот и старателството на децата во случај на развод.

„Договорите ќе може да се прекинат едноставно, ако на крајот од тие две години брачните односи не се стабилни или хармонични“, изјавила за Ројтерс, коавторката на предлог законот Леона Луна, додавајќи дека со тоа ќе се избегне и тешкиот процес на разводите. Таа навела дека предлогот наидува на поддршка од многу членови на одборите и дека треба да се очекува да биде изгласан до крајот на годината.

Според статистичките податоци во мексиканската пестолнина брачните парови најчесто се разведуваат по две години брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag