Тоше засекогаш!
На денешен ден пред точно четри години трагично загина најголемата македонска ѕвезда, Тоше Проески, најпопуларниот наш пејач на просторот на поранешна Југославија и пошироко. Но, сеќавањето на неговиот ангелски глас и песни никогаш нема да исчезне.
На Тоше се сеќаваат сите поранешни земји од Југославија, во Нова Градишка местото каде се случи несреќата во која загина Тоше ќе се одбележи годишнината, а РТС ќе има специјална емисија со наслов „Балканот се сеќава на Тоше“. Емисијата треба да биде емитувана денеска во 21:00 часот на РТС. Песни од нашата ѕвезда ќе испеат: Аки Рахимовски, Хари Мата Хари, Тони Цетински, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Антонија Шола и многу други.
Нашата најголема ѕвезда ни остави седум музички албуми, меѓу кој последниот во 2007 година.