Тостови со топено чоколадо

popara8 ноември, 20111min00
chocolatetoast1

Потребни состојки:

80 мл. млеко

100 гр. чоколадо за готвење

40 гр. путер

3 лажици чоколадни трошки

50 гр. сецкани лешници

10 парчиња леб за тост

Припрема:

Во тенџере на оган ставете го млекото да се загрее. Кога ќе почне да врие додадете го чоколадото и оставете да се растопи, околу една минута. Промешајте ја смесата се додека не се соедини, па оставете да се излади.

Едната страна на кришките леб намачкајте ја со путер. Врз пет кришки леб нанесете од смесата од чоколадо на ненамачканата страна, па додадете чоколадни трошки и сецкани лешници. Поклопете со останатите парчиња леб, па чоколадните тостови ставете ги во тостер. Печете се додека чоколадото не се растопи. Послужете ги чоколадните тостови додека се топли. Добар апетит!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag