Тотално погрешни причини за секс

popara21 септември, 20111min00
ljubov i seks 1

Секс од одмазда

Ако се сплеткате со најдобриот пријател на вашиот дечко само затоа што тој ве изневерил вас или на некој друг начин ве навредил, нигде тоа нема да ве доведе освен до поголеми проблеми.

Секс во знак на благодарност

Партнерот конечно ве однесе на вечера, можеби без некоја причина ви купил блуза, парфем или накит и вие одма скокнувате на него за да му се заблагодарите. Навистина тоа го сакате или тоа го правите за следниот пат повторно да добиете поклон?

Чекор до слава

Сакате да бидете успешни и сте сфатиле дека им е лесно на оние кои се дружат со познати личности. Ако имате интимни односи само заради работа, пријателствата или славата не е баш среќно решение. Запамтете: славата не се пренесува преку секс! Најдете подобар начин.

Секс од пијанство

Сеуште не сте научиле каде ви е границата ? Излезени сте со пријателите, сте се напиле малку повеќе, и самите не знаете како, сте се нашле со непознат во кревет. Без разлика дали бил познат или непознат можете поради такви моменти да имате главоболка многу подолго отколку од алкохолот. И што ви е потребно ? Да имате контрола над својот живот во било која ситуација е најважна работа во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma