Оваа сезона е различна од сите досега, бидејќи во тренд се чевли во сите можни стилови и дизајни. Кога станува збор за боите, најзастапени се црната, белата, кремот, сивата, црвената и темно сината. Најзастапени материјали се лакираната кожа, змиската ожа, свилата и еленската кожа, а најзастапени детали се крзното и врвите.
Змиска кожа – оваа сезона популарни се сите видови кожи на влекачите, но најпопуларна е змиската кожа, додека најмалку се употребува крокодилската кожа.
Лакирана кожа – оваа сезона лакираната кожа е популарна и тоа во комбинација на две бои. Иако е непрактична за секојдневна употреба, оваа сезона мора да имате барем едни лакирани чевли за вечерно излегување.
Платформа – оваа сезона во тренд се чевли со елегантна платформа, во иста боја како и остатокот од чевлите.
Дебели потпетици – дебелите потпетици се доста практички и удобни, а оваа сезона ќе ги најдете на сите видови чевли, од салонки до чизми.
Животински принт – оваа сезона во тренд се и чевли со принтови на животниска кожа, како леопард, зебра или тигар, и тоа во комбинација со интересни светли бои и необични модни детали.