Тргна маратонот посветен на нашиот Тоше!

popara15 октомври, 20111min00
ImageHandler.ashx

Вчера во 06: 05 часот пред електротехничкото училиште во Нова Градишка стартуваше маратонот Нова Градишка – Крушево, со кој се обележува 4 – годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески. Пред самиот старт на маратонот запалени се свеќи на споменикот на Тоше Проески. Маратонците, македонскиот амбасадор Данчо Марковски, градоначалникот на Нова Градишка, Јосип Вуковиќ, претставници на дискографската куќа Хит рекордс и голем број на фанови му оддадоа почит на нашиот Тоше. Знак за почеток на маратонот даде амбасадорот Дначо извикувајќи ”За кого?”, а маратонците на ова одговориле “За Тоше!”.

Во недела 16 октомври, маратонците треба да пристигнат во Крушево, родното место на Тоше Проески. Програмата во чест на Тоше, која започна пред два дена во Нова Градишка, продолжува во Крушево со напревар во ракомет помеѓу Нова Градишка и Македонија.

Меморијалот оваа година ќе заврши со македонска вечера со претставници од македонската амбасада, фановите на Тоше Проески, и поважни луѓе од Нова Градишка. Туристичката заедница на Нова Градишка организирала целокупна програма за настаните  од 12 до 16 септември! Секоја чест!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag