Три диетални навики поради кои се дебелееме

popara5 декември, 20111min00
dietalni naviki

На диета сте а се прашувате зошно не слабеење? Ви ги претставуваме трите најчести диетални навики кои не спречуваат да ослабнеме:

Диетални сокови: Да, тие се ниско калорични, но содржат масти. Луѓето кои пијат само една  чаша диетален сок секојдневно во просек имаат неколку килограми повеќе од оние кои пијат само минерална вода и свежо цедени сокови, откриле истражувачите на Универзитетот во Тексас.
Зошто е тоа така? Според една теорија, вештачките засладувачи се одговорни за зголемување на желбата за слатки, а според друга, диеталните сокови имаат психолошки ефект на дебелеење. Кога ќе се напиете чаша сок мислите дека сте заштедиле на калории, па несвесно јадете повеќе со следниот оброк.

Мал прибор за јадење: Луѓето кои користат мал прибор за јадење сметаат дека јадат помалку, но вистината е сосема поинаква. Научниците од Универзитетот во Јута откриле дека луѓето кои користат мал прибор за јадење внесуваат 12 проценти повеќе храна од оние кои јадат со нормален поголем прибор.
Зошто е тоа така? Секој залак кој го внесувате е толку мал, што мислите дека јадете помалку храна од што навистина внесувате. Како резултат на тоа, луѓето лесно се прејадуваат без да забележат. Најдобро е да јадете полека, да користете поголема вилушка и да паузирате после секои неколку залчиња, за мозокот да може да ја процесира информацијата кога сте сити.

Диета со компир: Луѓето често јадат само компир и мислат дека така ќе ослабнат. Без разлика на тоа во каква форма е приготвен, компирот дебелее. Неодамнешните истражувања поажаа дека најмногу дебелее помфритот, па чипсот и печениот компир.
Зошто е тоа така? Компирите предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта и нивото на инсулин, па затоа брзо огладнувате после јадење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma