Три дневна диета со туна

popara3 октомври, 20111min00
tuna

Со правилно придржување на оваа диета можете да изгубите и до пет килограми за само три дена.

Оваа диета трае три дена, што навистина не би требало да биде претешко макар и за оние кои не се навиканти на режими на исхрана, а особено ќе им се допадне на оние кои сакаат туна. Ако што и самото име говори, основен продукт во ова диета е туната. Оваа диета се држи само три дена и ништо повеќе. За да ја повторите треба да поминат најмалку пет дена, а за време на тие пет дена јадете здрава храна со пониска масленост.

Покрај туната во оваа диета се јаде тост, овошје, зеленчук, солени крекери, сирење, се пие многу вода, овошни сокови, кафе и чај. Она што треба да се запамети и да се практикува за овие три дена на диетата е дека не смее да се коснумираат никакви засладени пијалоци, само вода и природни сокови, дневно е препорачано да се пие 2 литри вода.

1 Ден:

Појадок – кафе или чај со вештачки засладувачи, сок од четри портокали или три грејпфрута, едно парче тост и една лажица путер од кикирики

Ручек – едно парче тост, 2оо грама туна, вода или црн чај, кафе

Вечера – 200 грама пилешко или риба, 200 грама грашок, 200 грама изрендан морков, 1 јаболко, вода, чај или кафе

2 Ден:

Појадок –  кафе или чај со вештачки засладувачи, 1 јајце варено, 1 парче тост, 1 банана

Ручек – 200 грама туна и свежо сирење, 5 крекери, вода, сок, црн чај или кафе

Вечера – 2 пилешки варени виршли, 200 грама брокула или зелка, 100 грама морков, вода, црн чај или кафе

3 Ден:

Појадок –  кафе или чај со вештачки засладувачи, 5 солени крекери, топено сирење, 1 јаболко

Ручек – 1 тврдо варено јајце, 1 парче тост, вода, црн чај или кафе

Вечера – 200 грама туна, 200 грама карфиол, 200 грама морков, 200 грама лубеница, 100 грама нискокалоричен сладолед, вода, црн чај, кафе

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag