Три факти за вибраторите кои сигурно не сте ги знаеле

popara18 декември, 20111min00
dildo

Вибратори – “мали апарати за големо задоволство” чие користење денеска е сеуште табу тема во некои делови на светот. Еве ви неколку факти за вибраторите кои сигурно не сте ги знаеле.

Вибраторите биле измислени во 19 век, а нивна цел била да им помогнат на докторите во лекувањето на жените болести, кои тогаш биле нарекувани  “хистерија”. Нервозата,  анксиозноста, несоницата и раздразливоста биле основни симптоми на хистеријата. Лекарите верувале дека најдобар лек за хистеријата била генитална стимулација за но тие имале потреба од други алатки, бидејќи нивните прсти брзо се уморувале.

Во некои делови на светот продажбата на вибратори се уште е забранета. Во американските држави Алабама и Мисисипи продажбата на вибратори е забранета и дадено е следното објаснение: “Не постои основно право што говори дека на човекот му е потребен уред за да се постигне оргазам.”. Ни состојбата во Тексас не е многу поинаква. Иако продажбата на оружје во Тексас сосема нормална, забраната за продажба на вибратори и други секс играчки беше тргната дури пред неколку години.

“Милион долари во вагината”, беше насловот на веста дека австралискиот златар Колин Брн решил да направи вибратор од платина украсен 1500 дијаманти, кој чини неверојатни милион долари. Тој досега има направено колекција на вибратори која вклучува вибратор  изработен од бело злато и вибратор од платина со 400 дијаманти, кои доаѓаат во комплет со соодветни обетки и ѓердани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma