Три нови ,,beauty,, трендови:))

popara10 октомври, 20111min00
0

Многу љубители на козметиката и шминката со нетрпение ги чекаат новите есенски трендови. Оваа есен и зима ќе се носат три различни изгледи: Smokey eyes, црвен кармин и nude look. Тајните на трендовскиот изглед ни ги открива Бјанка Жугељ која има завршено на престижниот Cinema Make up School во Лос Анџелес.

Враќањето на класична убавина за која е заслужен серијалот на Mad Men не е отсутен ни оваа сезона, а во него се приклучил и трендот на темни и сиви нијанси на очните капаци, кои оваа сезона доаѓаат во металик варијанта. Еден од најпопуларните трендови се уште е природниот изглед, што влијае и на останатите трендови. “Еден детал, кој е заеднички за многу модни варијанти за оваа сезона се густите веѓи. Тие го означуваат враќањето на естетиката на осумдесеттите години, како и трендот кој во тоа време го постави Брук Шилдс, а оваа година го враќа Џенифер Конели,” изјавила Бјанка.

Металик smokey look

“Металик smokey look е веројатно најголемиот хит за оваа сезоната, присутен на сите светски модни писти. Тоа е класичен Smokey изглед, дополнително зајакнат со металик сенки за очите. Црниот eyeliner и маскарата дополнително го нагласуваат неговиот сјај, а за усните препорачувам кармин со боја на месо, “советува Бјанка. Најкласичниот начин да се носат ова сезона се во сиви и црни нијанси, но малку похрабрите жени можат да ги носат во нијанси на виолетова, зелена или сина боја.
Црвен кармин

Секоја чест на дијамантите што ги отпеала Мерилин Монро, но повеќето девојки ќе се согласат дека црвениот кармин е добар, ако не и подобар од “најдобриот пријател на девојките”. “Црвениот кармин е глобално популарен уште од 40-те години од минатиот век, кога бил еден од најдобро продаваните производи. Оваа година можете дури и да комбинирате со црна сенка за очи, но да се нанесе многу дискретно, така да акцентот да паѓа на црвениот кармин “објаснува Бјанка.

Nude look

“И оваа сезона повторно е во мода природниот Make up. Сè што ви е потребно за него е лесна подлога, малку маскара и дискретно руменило.  Природниот Make up треба да се истакне најдобро на вас, а не да го сокрие лицето зад фасада на пудра и неутрални сенки за лице. Подлогата ќе ја нанесете со неутрални сенки на очните капаци и малку руменило со боја на праска на образите. Усните ќе ги украсите истио така со кармин во боја на праска, која усните ќе ги направи природно убави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag