Тридневна диета за ефикасно слабеење

popara25 ноември, 20111min00
dieta-

Доколку сакате да ослабнете до 3 килограми за 3 дена, ви ја препорачуваме оваа брза диета, која е ефикасна за намалување на килограмите во итни ситуации.

За да постигнете ефективно слабеење, покрај диетата се препорачува и да бидете физички активни. Тридневната диета е идеална за привремени резултати, а исто така може да ја држите со пауза од четири дена помеѓу секој циклус.

За време на диетата од течности е дозволено конзумирање само на вода, односно секој ден мора да испиете најмалку 2 литри вода на ден.

Прв ден:

Појадок: црно кафе или чај без шеќер (може вештачки засладувач), ½ грејпфрут или сок и
1 парче тост со 1 лажица путер од кикирики или маргарин.

Ручек: ½ конзерва туна, 1 парче тост леб и црно кафе или зелен чај, без шеќер

Вечера: 200 гр. посно месо или пилешко месо(без кожа), 1 чаша зелен грав, 1 рендан морков, 1 јаболко, 1 топка ванила сладолед или овошни јогурт.

Втор ден:

Појадок: Црно кафе или чај, 1 јајце, ½ банана, 1 парче тост

Ручек: 1 чаша свежо сирење или туна без масло, 8 солени стапчиња

Вечера: 200 гр телешко месо, 1 чинија брокула или зелка, 1 морков, ½ банана
Трет ден:

Појадок: Црно кафе или чај, 5 солени крекери, 200 гр сирење, 1 јаболко

Ручек: Црно кафе или чај, 1 варено јајце, 1 парче тост

Вечера: 1 туна, 1 морков, ½ карфиол, 2 парчиња диња или 1 банана

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma