Камерон Дијаз-вода и ароматични билки
Таа ги сака помфритот и чипсот во било која варијанта. Меѓутоа, секојдневно пие многу вода. На тој начин, го чисто организмот од штетни материи кои ги внесува со забранетата храна. За одржување на витката линија воведе билни мешавини и магдонос во секој оброк. Стручњаците во тоа ја подржуваат бидејќи кажуваат дека ароматични билки се одлична комбинација на витамини и минерали кои секако мораме да ги внесеме во организмот о содржи супстанци кои помагаат на организмот во согорување на вишокот на масно ткиво.
Хајди Клум-салата и јогурт
Како реклама за познатиот синџир на брза храна, наместо хамбургери со помфрит јаде салата, така е и во реалниот живот. Хајди е голем љубител на зелена и здрава храна, редовно јаде салати од било кој вид со житарици, мед и бадеми.
Синди Крафорд-здрави грицки
Таа признава дека никогаш не била воодушевена од изборот на храна во авион или јадење во брзи ресторани, па често била осудена на неурамнотежена и невкусна храна. За да го реши тој проблем и да ја зачува убавината, познатата манекенка секогаш со себе носи здравки грицки, како што се бадеми, суво овошје, моркови и свежи јаболки.Бадемите се богати со масни омега 3 и омега 6 киселина, содржи влакна, витамини и минерали, и стрчњаците ги препорачуваат како секојдневни грицки.