Триперот ќе го уништи човештвото! :) Супер гонореја отпорна на се!!!

popara3 октомври, 20111min00
gonoreja

„Супербактерија гонореја дивјачки се размножува, отпорна на сите антибиотици и ќе го убие целото човештво!“

Еминентниот шведски  научник Магнус Унемо разоткрил нова бактерија која наскоро мож да убие дури 65 милиони луѓе. Новите бактерии се отпорни на сите лкови и многу брзо се шират.

Кога на својата пациентка, проститутка од Кјото, еден јапоснки доктор и дијагностицирал гонореја и препишал цефалоспорин, тој бил увередн дека успешно ја излечил. Но залудно, бактеријата Neisseria gonorrhoeae, причинител на гонореата не се предала. Тогаш се испоставило дека станува збор за нов вид H041, супер бактерија гонореја која е отпорна на сите антибиотици. Случаите H041, биле забележани кај двајца мажи во Норвешка.

„Ова е голема закана, бидејќи не знаеме каде се H041 се има проширено. Новиот вид би можел да биде вистинска супербактерија која ќе ја обележи иднината на неможноста да се излекува гонорејата“, предупредил швеѓанецот Унемо, кој заедно со јапонските колеги успеал да изолира нов вид на бактерија. Од четириесетите години на минатиот век, кога антибиотиците станаа стандарден третман во лекувањето на гонорејата, бактеријата Neisseria gonorrhoeae, покажувала неверојатна способност во развивањето отпорност на сите антибиотици. Како единствена одбрана за гонорејата останати се само цефалоспирини, но сега и тие се доведуваат до знак прашалник.

Каков проблем може да предизвика оваа венерична болест, најдобро говори фактот дека годишно во светот се заразуваат над 65 милиони луѓе, од кои повеќето се млади мажи.

Оваа бактерија е само една во низата смртоносни мутанти кои незапирливо се шират низ светот. Најпозната супербактерија секако е MRSA (златниот стафилокок), бактерија која се наоѓа на кожата и во носот. Но, бактеријата настапува кога ќе продре во крвотокот или ткивото на човекот, што многу често завршува и фатално. Најчести начини за ширење на MRSA се медицинските инструменти или отворените рани на луѓето.

Една студија која била објавена во Journal o the American Medical во 2007 година, изнела бројки кои говорат MRSA е одговорна за смртта на 19.000 американци годишно. Во Европа пак таа бројка на годишно ниво изнесува 25.000 луѓе. Денешните истражувања покажале дека се повеќе бактерии стануваат отпорни на антибиотиците, а на пазарите има се помалку нови и ефикасни антибиотици.  Магазинот Discover навел дека во изминатите 50 години, скоро секоја позната бактерија која предизвикува болести кај луѓето, стекнала гени отпорни на многу третмани. Во ерата на антибиотиците пред 60 години, научниците заклучиле дека отпорноста на бактериите на антибиотиците била вистинска реткост. Денеска веројатно модерната медицина ја плаќа цената на огромниот успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma