Триполи го отфрли барањето на Хаг за апсење на Гадафи

popara17 мај, 20111min00
73572918-hogo-and
Либискиот режим го отфрли барањето на тужителот од Меѓународниот кривичен суд во Хаг да се распише потерница за либискиот лидер Моамер Гадафи, наведувајќи дека барањето за апсење е засновано на “неточни“ информации.
“За жал Меѓународниот кривичен суд во Хаг од почетокот на кризата во Либија зависи од медиумските извештаи за да ја процени ситуацијата во земјата. Последица на тоа е судот да дојде до неточни заклучоци“, соопштил портпаролот на либиската влада, Муса Ибраим.
Понатаму се наведува дека либиската влада никогаш не наредила убивање на цивили и не најмила платени војници да се борат протв либискиот народ.
“Бунтовниците се тие кои ги повикаа војниците од различни нации да им се придружат“, се вели во соопштението.
Портпаролот Ибраим рекол дека либискиот режим ја повикал меѓународната заедница да ги истражи фактите на терен, но не добиле никаков одговор.
“Ќе продолжиме со повиците за итно прекинување на секакво насилство во земјата и почеток на процес кој ќе овозможи Либијците сами да одлучат за иднината на својата земја без мешање од страна“, порачал Ибраим.
Тужителот во Хаг, Луис Морено Окампо претходно побара да се распише потерница за апсење на либискиот лидер Моамер Гадафи и неговите најблиски соработници заради злосторства против човештвото.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag