Тројца браќа од Сицилија во ист ден доживеале срцев удар, двајца починале, а третиот преживеал, обајви италијанскиот весник „Кориера дела Сера“.
Гвидо и Алберто Гарофало, во неделата на 27 ноември биле на семеен пикник во шумата на падините на Етна, кога Гвидо (45) починал од срцев удар.
50 годишниот Алберто, оплакувајќи го својот брат, од преголема возбуда исто така доживеал срцев удар, а кратко потоа починал.
Како што јавил весникот, третиот брат, Салваторе, кој дента бил во болница во посета на мајката, каде доживеал срцев удар, но бил веднаш префрлен во собата за итни случаи и лекарите успеале да му го спасат животот.